fbpx

Истрагата мора да ги лоцира сите вмешани во случајот од прв до последен, вклучително и тајкуните од режимот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Тајкуните што ги создаде режимот, помогнати од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат евро-интеграцијата на земјата, да не се донесе закон за ЈО, да се претстават како жртви и да се спасат.
 
Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како и лицата кои ги објавуваат материјалите. Тоа се шемите на Никола Груевски.
 
Секој што се надевал дека со објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите за да не бидат предмет во судска постапака и ќе се спаси од вина се излажал.
 
Снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.
 
Истргата мора да ги лоцира сите вмешани во случајот од прв до последен.
 
Институциите брзо да делуваат за целосно расчистување до крај, за сите кои се инволвирани во овој случај да понесат одговорност.
 
Но, тоа значи одговорност и за тајкуните на режимот за кои се отворени предмети во СЈО и кои се појавуваат на овие снимки.
 
 
Последни вести