fbpx

Димковски на маалска средба во Оризари: Со Законот за земјоделско земјиште обезбедуваме бројни поволности за младите земјоделци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Членот на ЦО на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, придружуван од градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски, претседателот на ОО СДСМ Велес, Стево Крстевски и други членови на СДСМ беше на маалска средба со жителите на селото Горно Оризари во општина Велес.
 
Димковски пред присутните ги презентираше спроведените мерки во земјоделството и одговараше на прашања од присутните со цел ефикасна реализација на нивните потреби.
 
Досега спроведовме бројни мерки кои се во интерес на земјоделците и се во насока на развој и унапредување на земјоделството. Се зголеми искористеноста на ИПАРД програмата што придонесува за унапредување на земјоделското производство. Преку зелената нафта кај 55.000 земјоделци враќаме над 3 милиони евра и ги намалуваме нивните трошоци за производство. Со измените на Законот за земјоделско земјиште обезбедуваме правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште и поттикнуваме поголем рурален и локален економски развој, истакна Димковски.
 
Во своето обраќање, членот на ЦО Димковски се осврна и на мерките кои се во интерес на младите земјоделци.
 

 
Законот за земјоделско земјиште предвидува младите земјоделци до 40 години возраст, во првите три години да биде ослободен од плаќање закуп за земјиштето. Со тоа сакаме да ги поттикнеме младите да учествуваат во земјоделството, да инвестираат и да го подобрат квалитетот на производството. Дополнително, со мерката млад земјоделец обезбедуваме неповратни 10.000 евра, а во иднина тој износ очекуваме да се зголеми двојно, посочи Димковски.
 
Димковски истакна дека со отворањето на преговорите со ЕУ дополнително ќе се отворат нови фондови и поголема финансиска поддршка, но истовремено земјоделците ќе мора да го подигнат квалитетот на производите за тоа да станат конкуренти и рамноправно да учествуваат на европскиот пазар.
 
Маалските средби продолжуваат. Како одговорна партија остануваме со граѓаните, ги следиме нивните потреби и создаваме мерки и политики во нивен интерес.
Последни вести