fbpx

Мицковски да не се крие туку да одговори за средбите со лицата на снимките, сите криминални шеми водат кон белиот дворец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Мицковски да не се обидува да се крие зад очајни соопштенија туку да излезе пред граѓаните.
 
Дублерот на Груевски, Христијан Хидро Мицкоски нека излезе пред јавноста и нека одговори:
 
Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал?
 
Кога се случиле ваквите разговори?
 
Во какви зделки е Мицкоски,  доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките?
 
Дали и што примил на рака? Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?
 
Особено имајќи ги предвид линковите со ВМРО-ДПМНЕ.
 
Јасно е, сите криминални шеми водат до белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата.
 
Секој што се надевал дека со сценарио и објава на виде снимка ќе се компромитираат доказите и ќе се спаси од вина се излажал.
 
Ова само ќе ја забрза истрагата и ќе ги даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.
 
Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност.
Последни вести