Соопштение за јавност
Цели 11 години, земјоделците беа мета на притисоци, закани, уцени заради остварување на личните бизнис интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Навикнати на грабање пари и осиромашување на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират дека се намалуваат трошоците на земјоделците и се повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети.
Единствено нешто што ВМРО-ДПМНЕ прави за земјоделците е ширење лаги и манипулации.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не ги дели земјоделците по партиска линија, и не прави селекција на подобни и неподобни земјоделци.
Тоа се покажа и со навремената и неселективна исплата на субвенциите по тековните Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Денес, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој потпиша договор со приватна компанија, со што до крајот на месецот земјоделците ќе можат да користат евтино гориво.
Со мерката “зелена” нафта 200 милиони денари ќе се вратат кај 55 илјади земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште.
ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците.
Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остануваат посветени на грижа за земјоделците преку реални мерки, враќање на достоинството на земјоделството и обезбедување повеќе пари за секој земјоделец.