Соопштение за јавност
Откако вчера парламентите на Турција и Чешка го ратификуваа Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во најмоќниот воен сојуз, вкупно 20 држави-членки го потврдија нашето членство во НАТО.
Реформите, храброста и одлучноста на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев од нашата земја направија блескав пример во регионот.
Со соседите изградивме пријателство, дома, растат платите и пензиите, секој е важен, се отвораат нови работни места, се гради фер општество за сите и се обезбедува повисок животен стандард.
Се остварува децениски национален, стратешки и државен интерес на многу генерации.
Приклучувањето во НАТО покрај безбедноста и сигурноста, носи и економски придобивки, повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.