Соопштение за јавност
Поради криминални интереси ВМРО-ДПМНЕ за време од 11 години направи едвај само 7 километри автопат а остави хаос, нерешени проблеми, бандери на сред пат.
За само 2 години, Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата направи многу повеќе од цели 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ, ги реши сите наследени и нерешени проблеми.
Автопатот Миладиновци – Штип денеска е пуштен во употреба во двата правци, со решени имотно правни проблеми, со обезбедени проекти, надвозници, заштити.
Решени се сите проблеми на Автопатот Кичево-Охрид, се гради во должина од 57 км.
4 експресни патишта се изградени, реконструирани и рехабилитирани со вкупна должина од 375 км на регионални патишта и 119 км магистрални: Градско-Дреново-Фариш, Штип-Крупиште-Кочани, Ранковце-Длабочица-Крива Паланка, Штип-Радовиш.
Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересираа само провизии и криминални зделки, СДСМ ги решава проблемите што ги оставија и интенизвно гради по план!
Скопје, 06.07.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА