fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да учи како се унапредува земјоделството, сериозно се инвестира во водостапанската инфраструктура

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години ги потценуваше, малтретираше и уценуваше земјоделци, денес продолжуваат со лицемерие кон земјоделците и лажна грижа за земјоделството.

Цветан Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека каналите за наводнување се под надлежност на АД Водостопанство, кое што беше формирано токму во време на ВМРО-ДПМНЕ но подоцна се испостави дека таквиот модел не може рационално да функционира.

За разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделството, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство покажуваат вистинска гриѓа за земјоделците и ги решаваат сите наследени проблеми од неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Во последните две години, капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура беа клучен приоритет. Започнатите крупни капитални инвестици во водостопанската инфраструктура ќе обезбедат навремена достапност до вода за наводнување, а со проектите кои се завршени и се во тек ќе се обезбеди наводнување на нови 32.500 хектари.

ВМРО-ДПМНЕ може да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и како се спроведуваат политики кои го унапредуваат земјоделството кое е една од клучните стопански гранки.

Последни вести