Соопштение за јавност
Секојдневно се демантирани лажните вести на Антонијо Милошоски, најнеуспешниот министер за надворешни работи.
Официјалниот демант од Амбасадата на Шпанија е последниот во низата деманти на лагите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски дека наводно дури седум земји членки биле против отворање на преговори со нашата држава.
Секојдневно се потврдува дека Милошоски свесно шири лажни вести и невистини на штета на државата.
Граѓаните не заслужуваат пратеници кои свесно и намерно ги лажат за теми кои се од национален и државен интерес како што е членството во ЕУ.
Милошоски не е достоен на функцијата што ја извршува и затоа, тој мора веднаш да си поденесе неотповиклива оставка од функцијата пратеник во Собранието.
Скопје, 22.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА