fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за дипломатија по скандалите што ги остави зад себе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Само за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е пораз напредокот во евроинтеграциите, извесното членство во НАТО и интензивирањето на интеграцијата во ЕУ.

За само две години од заробена држава, Северна Македонија стана светол пример во регионот.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ денес нема кредибилитет да зборува за дипломатијата и Министерството за надворешни работи.

Токму владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по урнисувањето на дипломатијата и МНР.

Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата во чие што владеење се поставуваа личности бе соодветно образование и искуствово директно на позиција директор за аналитика со високо дипломатско звање – ополномоштен министер, без дипломатски испит и без советнички испит што е предуслов за стекнување со другите повисоки дипломатски звања, а истата личност по само 11 месеци по приемот во МНР се упатува за шеф на дипломатско конзуларно претставништво како генерален конзул.

За време на целиот период од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ исклучително квалитетни дипломати со повеќегодишно, дипломатско искуство во МНР биле распоредувани на пониски позиции или биле „замрзнати“ на постојните позиции и не биле редовно унапредувани. Некои од дипломатите од групата на 100те најдобри студенти од УКИМ, останале повеќе од 12 години на почетните позиции.

Ова само мал дел од низата скандали предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ а кои со години беа секојдневие во МНР.

За разлика од таквиот однос, денес сите институции вклучително и МНР работат одговорно, совесно и исклучиво во интерес на граѓаните и државата. 

Процесите на вработувања се одвиваат јавно, законски и за сите важат подеднакви услови и критериуми.

 

Скопје, 18.06.2019​  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

​СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести