Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ партијата без идеја, без план и програма кои би биле во интерес на граѓаните, продолжува да измислува проблеми и да шири лажни вести за здравството.
Ниту еден пациент на Клиниката за хематологија, не е оставен без терапија, односно без потребните лекови.
Како што е јавно соопштено, промена има само распоредувањето кое порано било на месечно, а сега е на неделно ниво, a по завршување на јавната набавка, лековите повторно ќе се распределуваат на месечно ниво.
Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да изнсува лажни вести поврзани со здравствениот систем, опозициската партија во неколку наврати лажеше за јавни набавки во здравството кои институционално беа демантирани
Јавното обвинителство ја демантираше и лагата за јавна набавка на Клиниката за хематологија. Според ОЈО, по постапувањето по допрен глас на Управата за финансиска полиција во врска со судир на интереси во јавна набавка на лекови на Клиниката за хематологија, утврдено е нема повреди во постапката по јавните набавки, ниту пак има судир на интереси кај одговорните лица. Напротив, јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена согласно закон.
Откако со години го урнисуваше здравствениот систем, денес ВМРО-ДПМНЕ очајно шири лажни вести во обид да ги девалвира примените во здравствениот систем кои се во интерес на граѓаните и медицинскиот персонал.
Скопје, 13.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА