Соопштение за јавност
11 години студентите беа игнорирани од страна на лицемерното ВМРО-ДПМНЕ кое денес глуми загриженост.
11 години на ВМРО-ДПМНЕ им беа приоритет задоволувањето на личните интереси и профити, наспроти потребите на студентите и обезбедувањето на пристојни услови во студентските домови.
Токму таквиот игнорантски однос и негрижа кон младите е една од многуте причини за заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Владата предводена од СДСМ со сериозен и одговорен пристап веднаш тргна кон решавање на натрупаните проблеми со кои се соочуваат студентите и започна со обезбедување на пристојни услови во студентските домови.
Потврда за тоа е и донесената одлука за реконструирање на Студентскиот Дом „Стив Наумов“ и во целост ставање на функција сите 1221 легла во зградите 1,2 и 3.
Истовремено, Студентскиот центар заедно со Министерството за образование и наука и со Владата, интензивно работи на подобрување на условите и во другите студентски домови, вклучително реновирањето на блоковите В и Г во Студентскиот дом Гоце Делчев и опремување со мебел и промена на системот на греење во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу од мазут на еколошко и ефикасно греење согласно Планот за чист воздух.
По повеќе од 13 години, Студентскиот центар од презадолжена институција успеа да застане на здрави нозе и да работи во служба на студентите.
Владата предводена од СДСМ, продолжува со спроведување и на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард намладите . Гаранцијата за млади со која илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување и Европската младинска картичка која ги намалува трошоците за живот на младите се само дел од мерките кои се во интерес на младите.
Скопје, 13.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА