Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски освен рацете во медот, друго ништо не го интерисира и тоа го потврдува и тој самиот.
Веднаш штом се спомнат тендери поврзани со Град Скопје, Мицкоски е прв, како најупатен, ги знае сите детали, договори, провизии, рабати…
Наместо да лицитира јавно и постојано да зборува само за тендери, Мицкоски да ги седне неговите кадри и да најдат решение за превозот во Скопје.
Нивните кавги за тендери и провизии, нивните раце во мед, скопјани скапо ги плаќаат, една година откако ја презедоа градската власт, Скопје е во хаос, а граѓаните ги трпат штетите од блокадите и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ.