Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска се обрати пред младите социјалдемократи, на работилница за стратешки цели и делување на Локалните клубови на Социјалдемократската младина на Македонија, СДММ.
-Важноста на младинската партиципација во формалните политички процеси во суштина е и есенцијата врз која и ние во СДСМ го поставуваваме младискиот политички активизам, како избор на ангажман, како однос кон општеството и активен избор во решавање на предизивиците, рече Зечевиќ во обраќањето.
СДММ е клучен дел од дејствувањето на СДСМ, и во организацискиот дел и во процесот на носење одлуки и решениј. Секоја генерација си го носи своето бреме, својата тежина и своите одговорности со сопствениот политички ангажман.
– Тежината на оваа генерација македонски политичари е да обезбеди европска иднина за младите. Тоа е нашата цел, тоа е целта на оваа Влада, тоа ни е обврска што ја имаме кон младите – да им обезбедиме сигурност, подобра иднина и европски животен стандард, рече Зечевиќ.
-СДММ од секогаш била носител на новите ветришта, предвесник за новите политики. Така треба да биде и во иднина. Младите да го добијат своето место со поголемо учество во одлучувањето, а со тоа и во делот на креирањето на нови и свежи политики. Заеднички да креираме нови теми, да предлагаме решенија, да реализираме проекти, додаде Зечевиќ.
Генералниот секретар на СДСМ потсети на бројните заслуги на СДММ во демократските промени во земјава но и во актуелните процеси од важност за младите.
Во време кога Македонија беше заробена држава, во период кога се кршеше режимот, токму СДММ тогаш беше предводник на промените, удрана тупаница на најголемото и најхраброто политичко здружување во историјата на македонската демократија, Шарената револуција, секако со силна прогресивна општествена и слободумна поддршка, рече Зечевиќ.
-Уште во првите денови од мандатот на Владата на СДСМ, го укинавме екстерното тестирање, штетен проект за кој токму СДММ прва алармираше и прва се спротивстави. Заедно се изборивме за намалена стапка на младинска невработеност, за 2.400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк, за младински додаток од 3.000 денари за млади до 23 години вработени во производство, за зголемени ученички, студентски и воведување на постдипломски стипендии. Нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработуваат и се дообучуваат млади лица. Тоа е придонесот на социјалдемократската младина, на СДСМ, рече Зечевиќ.
Во обраќањето пред младите генералниот секретар потенцираше дека младинскиот активизам и вклучувањето на младите во процесите се од исклучително значење, затоа што само така се создава и интелектуална, институционална и потентна организациска база, која создава резултат.