Владата предводена од СДСМ изминатите 10 месеци, во период на најголема светска и енергетска криза, со низа мерки ја заштити домашната економија и животниот стандард на граѓаните.
Со 80 отсто се субвенционира цената на струјата за граѓаните и за 72.000 компании, кои вработуваат најголем дел од од работниците во државата.
Субвенционирана струја, согласно одлуката на Владата се обезбедува и за основните и средните училишта, јавните претпријатија од областа на водостопанството и компаниите од прехранбената идустрија.
Досега 187 компании од прехранбената индустрија склучиле договор за субвенционирана струја, што доведува до намалување на цените на основните прехранбени производи.
Кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, исто така има намалување на цените на млекото кај дел од млекарниците.
Во наредниот период очекуваме продолжување на падот на цените и кај другите производители од пекарската, од млечната и од месната индустрија, кое што намалување се очекува да биде до 10 отсто.
Антикризните мерки даваат резултат, а поддршката продолжува и наредната година.
Од вкупниот буџет за 2023 година за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра.
Со СДСМ никој не е и никој нема да биде оставен сам да се справува во оваа најтешка светска економска и енергетска криза.