Соопштение за јавност
Организациониот секретар на СДСМ, Вангел Андрески денеска се обрати пред граѓаните на општина Студеничани во рамки на караванот „Силно и одлучно кон иднината“.
Пред присутните Андрески посочи дека СДСМ е државотворна партија, која носи важни одлуки, го воведе и спроведува концептот Едно општество за сите и се грижи за сите граѓани подеднакво.
– Само во овие 10 месеци Владата кон стопанството и граѓаните насочи 760 милиони евра за мерки за помош. Таа помош стигнува до секој кому му е потребна, затоа што ние не оставаме никого сам да се справува со последиците од оваа светска економска криза. Покрај тоа минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари и два наврати ги зголемивме пензиите, посочи Андрески додавајќи дека следната година ќе следува ново покачување на пензиите од околу шест отсто за 330.000 пензионери.
Осврнувајќи се на работата на локалните власти, Андрески порача дека поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите за тендери Скопје денес е блокиран град, без јавен превоз и без функционална администрација.
– Проблемот со јавниот превоз можеби најмногу го чувствуваат оние кои како вас живеат во приградските населени места, срамно е што поради бизнис интереси, поради лични интереси на поединци Скопје е оставен без јавен превоз, ЈСП е во долгови а приватните превозници не возат и го блокираат градот. ВМРО-ДПМНЕ ја има сета одговорност да стави крај на блокадите, затоа што и градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот, но и мнозинството во управните одбори се поврзани со партијата предводена од Мицкоски, порача Андрески додавајќи дека за една година во Скопје не е реализиран ниту еден проект, а намерно не се довршуваат наследените проекти.