fbpx

ВМРО-ДПМНЕ имаше најниски оцени за реформи во Агенција за храна и ветерина, денеска Извештајот на ЕК нотира напредок на тоа поле

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и да се обидува да манипулира со граѓаните и јавноста.

Граѓаните и јавноста многу добро се сеќаваат на 2015 и 2016 година кога извештаите на Европската Комисија изобилуваа со забелешки за реформите во Агенција за храна и ветерина.

Според утврдената методологија на ЕК за оценување на напредокот на нивото на подготвеност во областа на безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика, многу прецизно и јасно стои дека по лошата состојба во 2015 и 2016 година, во последните 2 години, забележан е напредок во нивото на подготвеност.

Исто така, Агенцијата за храна и ветеринарство  доби јавно признание за постигнатиот напредок во последните 2 години, особено во проблематичните области, како што се функционален систем за идентификација и регистрација и спроведување на мерки за здравствена заштита на животните.

Наместо да шират лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да соберат храброст и да оддадат признание за успесите на Владата предводена од СДСМ.

 

Скопје, 01.06.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести