Соопштение за јавност
Цели 11 години деструктивните политики, наместените тендери за лично богатеење на ВМРО-ДПМНЕ беа причина за уништување на здравството и иселување на лекари од државата.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири информации од ракав убаво да го прочита Извештајот на Европската Комисија и да се охрабри и да честита за сите позитивни оценки.
Само во Септември 2018 година, забележан е раст на платите на 19.123 вработени во здравствените установи во висина од 5 отсто. Проектот за вработување на млади лекари е нотиран и веќе дава резултат со задржување на младите кадри во државата.
Преку транспарентна и отворена постапка, обезбедени се 12 нови возила за Итната Медицинска помош за повеќе градови во државата.
Најпозитивниот Извештај на ЕК ги нотира позитивно националните и централни регистри за дијагностицирање на малигни заболувања.
Исто така, потенцирана е успешноста на медицинските реформи на Владата предводена од СДСМ преку фактот дека во 2019 година обезбеден е буџет од 380 милиони денари за справување со ретки болести, за разлика од 2009 година кога буџетот бил 27 милиони денари.
Извештајот на Европската Комисија е доказ за реформите во здравството кои го враќаат достоинството на медицинските работници и обезбедуваат задржување на квалитетните кадри, дома во Република Северна Македонија.
Скопје, 01.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА