fbpx

За само 2 години од заробена држава, нашата земја е светол пример во регионот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Заглавена во одбрана на криминалот на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ останува осамена во анти-државната и анти-европската политика.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека целиот европски и демократски свет ги вреднува и признава успесите на Владата предводена од СДСМ.

За 2 години од заробена држава, нашата земја, денеска важи за светол пример во регионот. Тоа е огромната и евидентна разлика помеѓу расипништвото и деструктивноста на ВМРО ДПМНЕ и државничкото, одговорно работење на Владата предводена од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да држи очајни прес-конференции да се соочи со фактите кои се патем нотирани и во најпозитивниот Извештај во историјата за нашата држава од страна на Европската Комисија.

После години стагнација, уназадување, осиромашување, Северна Македонија бележи економски раст.

Забележан е значаен економски раст, покачени се минималната и просечна плата, по 11 години стагнација имаме раст на БДП од 3,7%, без да се потроши денар за промоција, имаме рекорден износ од 625 милиони странски инвестиции, нема повеќе задолжување по енормни каматни стапки. 

Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат храброст да честитаат за најпозитивниот Извештај од остамостувањето. За нив најважна е одбраната на криминалот на нивниот почесен претседател во бегство – Груевски

Република Северна Македонија чекори напред по евроатлатнски курс, што значи подобар живот за сите, колку и тоа да не и’ се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Скопје, 01.06.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести