fbpx

Најавата на Груевски ја потрвдува директната поврзаност со Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Најава на осудениот криминалец, Никола Груевски, дека ќе поднесе оставка како пратеник, ја потврди неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски од таму дава команди, Мицкоски исполнува.

Одлуките на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски, однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно имунитетната комисија, кои не гласаа за одземање на мандатот, е по наредба на Груевски и во директна координација со Мицкоски.

Мицкоски нема храброст ништо да направи, дури ниту да постапи по Закон и Устав, ниту да донесе некаква одлука.

Со најавената оставка Никола Груевски му помага на Мицкоски, го спасува, за неговата потчинетост и неспособност да постапи по закон,  кои се веќе толку видливи и граѓаните ги препознаваат.

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, меѓу кои и Трајко Вељановски, Тарчуловски, Милошовски треба да поднесат оставки од морални и правни причини.

 

Скопје, 01.06.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести