fbpx

Само ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што од заробена држава денес сме светол пример

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Само ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успесите на државата кои се признаени од целиот демократски свет и нотирани во најпозитивниот Извештај на Европската комисија, откако сме кандидатка за влез во ЕУ.

11 години ВМРО-ДПМНЕ правеше се за да ја оддалечи државата од евроинтеграцииите и напредокот кон ЕУ. Токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше замрзнати препораки, а државата беше оценета како заробена.

Денес, за само две години, од заробена држава, Република Северна Македонија е окарактеризирана како светол пример.

Значајниот економски раст, зголемената минимална плата, регулираните јавни финансии и транспарентноста се само дел од успесите кои се нотирани во најпозитивниот Извештај од Европската комисија и се признание за одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.

Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште не сакаат да го видат успехот и позитивната препорака за членство на земјава во ЕУ, затоа што се заглавени во матрицата на деструкција, лаги и одбрана на криминалот.

 

Скопје, 31.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести