fbpx

Ковачевски: Ако напорно се работи, нема недостижна цел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дозволете да побарам и во исто време да понудам убеденост дека конечно тргнавме напред, за да продолжиме многу побрзо, повика вечерва во Скопје претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од трибината „Силно и одлучно кон иднината“

Ковачевски истакна дека тој нуди стабилност, извесност и чувство за национална гордост и важност и порача дека ова е ново време.

„Ова време треба да даде простор и поддршка на знаењето, на чесните и конструктивни граѓани, кои бескопромисно си ја сакаат државата. Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата! Ова е време да покажеме дека европската интеграција значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и здрава животна средина. Да покажеме конкретно дека можеме и ние да бидеме држава, во која се признава и наградува доброто и чесното, а се казнува лошото и криминалното.

Да покажеме дека сите сме исти пред Уставот и законите, на дела, не само со зборови. Јас имам таква визија, јас имам таква обврска пред себе, пред вас и пред сите граѓани. И најважно од сѐ, имам и верба, и волја и оптимизам дека можеме да направиме многу. И искрено барам од вас, сите да споделиме заедничка верба и позитивни очекувања за следната година.

Сите да веруваме, како што јас верувам и знам, дека ако напорно се работи нема недостижна цел“ порача претседателот Ковачевски.

Последни вести