fbpx

Реализација на Ковачевски во енергетиката: За 10 месеци 141 мегават инсталиран капацитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски интензивно и динамично ја остварува енергетската трансформација на државата.

По долготрајно стоење во место, во земјата се случува енергетска револуција.

За само 10 месеци во државата се инсталирани енергетски капацитети од вкупно 141 мегавати и тоа 98 мегавати фотоволтаици, 37 мегавати од ветер, 6 мегавати мали хидроелектрани и биогас.

До крајот на мандатот ќе имаме над 300 мегавати инсталиран капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола.

За споредба тоа е неколку пати поголем инсталиран капацитет од сите досегашни инвестиции во изминатите три децении.

Сега значително се зголемува домашното производство на електрична енергија, а нашите граѓани имаат целосно и непречено снабдување со електрична и топлинска енергија, по најниски цени во регионот и Европа.

Енергетскиот сектор добива нова сила, која значи сигурност за граѓаните и основа за развој на економијата.

Последни вести