Соопштение за јавност
Во последната година за 700 милиони денари се зголемени долговите на општините, со што вкупниот долг изнесува околу 4,2 милијарди денари, истакна пратеничката од СДСМ, Даниела Колева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.
Колева нагласи дека централната власт со конкретни проекти им помага на сите општини, наспроти обвинувањата на опозицијата.
Целта на централната власт е да помогне на сите општини. Во процесот на децентрализација со повратот на ДДВ од 4,5 отсто на 5,5 отсто сега локалните самоуправи имааат повеќе средства на располагање. Гледаме по проектите, 70 милиони евра за локални патишта, 50 милиони евра за водна инфраструктура. Сите општини се важни се централната власт, порача Колева.
Пратеничката Колева посочи дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа мала реализација на капитални инвестиции, што е видливо низ бројките, а во Град Скопје, опозициската партија предложи градоначалничка која освен што не испорача ништо од ветеното, стопираше и веќе започнати три капитални проекти.
Најголемата катастрофа се случи во Скопје пред неполн месец, кога Скопје беше целосно блокирано. Реалното шоу што се случува во Град Скопје никогаш се нема случено претходно и тоа не носи резултати, проекти, носи само пропаст. Тоа е сликата што би се пресликала доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати пак на централна власт, истакна Колева.
Во врска со однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво, Колева нагласи дека е симптоматично што ВМРО-ДПМНЕ не учествувало во ниту една државотворна одлука, никогаш немале став.
Прашањата за идентитетот никогаш не биле на маса во разговорите со Бугарија. Црвените линии на државата ги исцртавме заедно сите партии во Собранието со изгласување на Декларацијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, опозицијата последната година постојано шири паника и хистерија, порача пратеничката од СДСМ, Даниела Колева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.