Соопштение за јавност
На слободни, фер и демократски избори граѓаните масовно го поддржаа Стево Пендаровски и концепт што води заедно напред.
Им благодариме на граѓаните за поддршката и јасната определба напредокот да продолжи, преку заедништво и интеграции. Предноста од првиот круг стана јасна, убедлива победа во вториот круг од претседателските избори.
Мнозинството граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати застанаа зад Стево, вистински претседател на сите граѓани.
Република Северна Македонија конечно доби претседател кој обединува, кој е подготвен да работи во интерес на сите граѓаните, за националните и државни интереси.
Со Стево Пендаровски продолжуваат позитивните промени, продолжува напредокот, државата уште поцврсто зачекорува по патот на заедништвото, напредокот и интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Скопје, 06.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА