fbpx

Мицкоски да каже дали од професорска плата или од хидроцентрали се стекнува имот од милиони евра?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Од каде средства на професор на факултет да има имоти во Скопје, Охрид и Црна Гора? А при тоа да работи и да земе професрока плата? Дали од хидроцентрали или од професорска плата, праша пратеничката на СДСМ, Даниела Колева, денеска од собраниската говорница.

-Претседателите на СДСМ работат за државата, поранешниот ја внесе земјата во НАТО актуелниот, Ковачевски ја внесува во ЕУ. Но што направиле претседателите на ВМРО-ДПМНЕ? Едниот што работи кај татко му, а вториот што побегна? Од каде средства на професор на факултет да има имоти во Скопје, Охрид и Црна Гора? Или куќа од 1 милион евра? А при тоа да работи и да земе професрока плата?, рече Колева.

Колева додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е насилничко-криминалистичко здружение кое 10 години ја распарчуваше државата

-12 милиони евра моментално оваа влада им дава пари на студентите за субвенциониран студентски оброк. 80 милиони евра оваа влада ги дава на граѓаните за поврат на ДДВ. 40 милиони евра оваа Влада на СДСМ им ги дава на стечајните работници и приматели на социјална пензија. Овие пари во време на ВМРО-ДПМНЕ за што ги користеле?, праша Колева.

Последни вести