fbpx

Лукаревска: Два концепти имаме, за ЕУ предводен од СДСМ и за враќање назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Имаме два концепти, за ЕУ предводен од СДСМ и за враќање назад кое никој не знае каде ќе не однесе, но, сите оние коишто длабоко во себе и мислат добро на државата треба да застанат на патот за европската иднина и членство во ЕУ, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во Само интервју на Канал 5 телевизија.

-Направивме многу работи за многу кратко време и не смееме да си ја сечеме гранката самите. Веќе преговараме директно со ЕУ, тече скринингот. Уставните измени значат продолжување на европскиот пат и обезбедување напредок за идните генерации, но не е прашањето само за уставните измени туку и за реформите. Ние преговараме со ЕУ и одиме кон Брисел, а не кон Софија. Тука треба да биде јасно која е нашата цел, рече Лукаревска.

Мицкоски вели по амбасади дека ќе гласа за уставни измени ама после избори, што е тука разликата, што ќе се промени?, праша Лукаревска.

-Не 80 пратеници, јас мислам дека 120 пратеници треба да го дадат својот глас за уставните измени. Џабе се сите партиски рејтинзи ако на крај од овој пат немаме столче со полноправно членство во ЕУ. СДСМ носи државотворни одлуки. Ова не е прашање кое го засега само СДСМ туку државата, иднината, сите граѓани. Долго време бевме во чекалната на ЕУ и сега членството ни е на дофат. Принципот на блокада не е прифатлив во современото време. Тоа е политиката од некое дамнешно време. Не може да има блокади на европската иднина, или во Собранието на закони за граѓаните, за поголеми плати, за мерки, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Последни вести