Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ загуби во првиот круг. За каков легитимитет зборува кога загуби 130.000 гласови од последните претседателски избори.
Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.
Со тоа, во првиот круг од претседателските избори, граѓаните покажаа дека не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски.
Граѓаните покажаа дека не го поддржуваат концептот на ВМРО-ДПМНЕ што се заканува да ја врати земјата назад во изолација, криминал и поделби.
Граѓаните го препознаа лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска кога лажат дека се за правда, додека бранат криминалци и насилници.
Факт е дека во првиот круг од изборите победи Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред и ниту една весела математика на ВМРО-ДПМНЕ не може да го побие тој факт.
Граѓаните нема да дозволат Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат режимот на Груевски, нема да дозволат заради одбрана на криминалот некој да го закочи напредокот што води во ЕУ и НАТО.
Предноста на Пендаровски и волјата на мнозинството граѓани за напредок се потврда за победа на концептот за напредок во вториот круг со многу поголема разлика.
Скопје, 24.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА