Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, заменик претседателката на СДСМ и вицепремиерка, Радмила Шекеринска и претседателскот кандидат, Стево Пендаровски испратија јасни пораки до граѓаните, на почетокот од кампањата за вториот круг од претседателските избори, на трибината со граѓани, во скопската општина Карпош.
Тоа се благодарност до граѓаните кои го избраа концептот Заедно Напред, дека е примена пораката на оние кои не излегоа на гласање и е јасно дека го поддржуваат овој концепт, но сакаат побрзи промени и на домашен план и промени на некои раководни лица на централно и локално ниво од кои не се задоволни, повик до граѓаните Албанци кои гласаа за кандидатот Река, да дадат поддршка за кандидатот Пендаровски, како и очекување дека сите граѓани ќе покажат одговорност и изборите на 05.мај ќе бидат успешни и на нив со големо мнозинство ќе добие поддршка опцијата Заедно Напред.
-Овде станува збор за цел политички концепт и драстично различен друг концепт на опозицијата, што враќа во лошото минато, ја руши внатрешната кохезија, уназадува во економска смисла, не може ни приближно да стане збор за евро-атлантски интеграции. Два столба се важни за државата, внатрешно слогата, кохезијата и надворешно, целосна интеграција во евро-атлантските структури. Затоа одат тешко промените, но кога ќе го ставиме темелот, таа куќа повеќе никој не ќе може да ја сруши, рече претседателскиот кандидат Пендаровски.
-Плативме цела една деценија, мислејки дека и мислат добро на државата, сега сме во година кон НАТО интеграции, по демонстрации на улици, чувство дека не може да се сруши режимот што се контролираше, за само две години се постигна нешто што беше рамно на невозможно. По ‘се што поминавме, не смееме да ни избега од раце. Излегуваме пред вас со чиста порака, ни треба мандат, тоа што го направивме за државата, да го направиме за секој човек во државата, порача заменик претседателката на СДСМ и вицепремиерка, Шекеринска.
-Назад нема, НАТО и ЕУ, економски развој, младите дома, тоа е патот. Сите заедно имаме одговорност кон нашата заедничка држава, да носиме одговорни одлуки. На 05.мај да го верификуваме овој пат. Гласовите за Блерим Река, ни требаат не на нас, туку за државата, да се приклучат на единството, не на поделби, сите рамо до рамо да развиваме современа држава, а не режим. Граѓаните имаат обврска да водат грижа за татковината, денот на изборите, 05.мај ја имаат таа величествена должност. 05.мај да биде ден за потврда на иднината, порача претседателот на СДСМ и премиер, Заев, на трибината со граѓани во скопската општина Карпош.