fbpx

Пендаровски на средба со младите: Верувам во вас и во вашиот избор, дајте им пример на повозрасните, да продолжиме заедно напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на трибина со младите истакна дека верува во нив и е убеден дека на 5 мај ќе знаат да го направат вистинскиот избор и дека ќе дадат масовна поддршка на концептот што води напред.

– Младите препознаа дека кандидатката која остана во вториот круг, нуди враќање на режимот кој ги подели луѓето на патриоти и предавници, кој го организираше крвавиот упад во Собранието. Сите, не само младите, ги повикувам да размислат за тоа дека тие нудат само враќање на режимот на Груевски. Правдата е спора но доаѓа. Со Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ доаѓа само неправда. Не смееме да ја ризикуваме иднината на државата. Не се сомневам во младите. Знаете како се живее во развиениот дигитален свет. Кажете им и на повозрасните дека ветувањата полека но сигурно се реализираат. Влогот е државата и иднината. Изборот е јасен, рече Пендаровски.

Пендаровски посочи дека согласно неговата програма, тој како претседател уште во првите осум месеци од мандатот ќе воспостави посебен фонд за помош на младите и талентираните, школата за млади ќе развива политички вештини и ќе развива критичко мислење, a ќе се учи преку дружење.

– Не можеме да одиме напред, ниту да имаме подобра иднина, ако Република Северна Македонија не е членка на НАТО и на ЕУ. Со добивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ, се уриваат бариерите во образованието и за младите бесплатно ќе бидат достапни европските образовни институции. Нашата држава е единствена земја која не е членка на ЕУ која ја воведе младинската гаранција. Преку овој проект, во оваа 2019 година се очекува да бидат опфатени околу 9.000 млади луѓе низ целата држава кои ќе имаат можност да добијат вработување, обука или практична работа. Затоа, на петти мај да продолжиме заедно напред, повика Пендаровски.

 

Скопје, 24 Април 2019

Последни вести