fbpx

Покажуваме одговорност и ги решаваме проблемите на лозарите, само ВМРО ДПМНЕ се против

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани граѓани, почитувани лозари

Со задоволство може да споделиме со Вас дека Владата предводена од СДСМ продолжува со решавање на наследените проблеми од претходната власт меѓу кои и лозарите.

Имено Владата изнајде решение за обештетување на лозарите кои во периодот од 2014 година до 2016 година имаат предадено а ненаплатено грозје во приватните винарии. За таа цел пратениците на Социјал демократскиот сојуз предложија, а Собранието ги усвои измените на Законот за земјоделство и рурален развој. Благодарение на овие измени на Законот во изминатиот период беа исплатени повеќе од 2.000 лозари во вкупен износ од 77 милиони денари.

После долги години трудот на овие лица е вреднуван и платен и конечно се води вистинска грижа за лозарите.!!!!!!

Наспроти тоа опозициската ВМРО ДПМНЕ уште еднаш докажува дека не ги интересираат лозарите и како тие ќе преживеат со три години неплатено грозје од нивниот мандат. Тие единствено се грижат за собирањето на некој ситен предизборен поен. Таква е намерата и на приговорот пратен до Државната комисија за спречување на корупција од нивна страна. Со кое лице ја барате поддршката од лозарите на претстојните избори а јавно и јасно сте против нивните интереси.

Поради тоа ве повикувам во недела својот глас да го дадете за оние кои се грижат и ги почитуваат граѓаните, за оние кои ги штитат нивните интереси и се залагаат сите сфери од општеството да се движат напред. Ве повикувам на 21 април вашиот глас да го дадете за Стево Пендаровски.

Последни вести