fbpx

Сиљановска е поддржана од криминалци, на избори ќе победи концептот што води напред, а не концептот што сака да не врати назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

 Соопштение за јавност

Залудни се очајните обиди на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ да го затскријат фактот дека нивната кандидатка Сиљановска е поддржана од криминалци, насилници и осуденици од насилствата на 27 ми април.

Луѓе осудени за терористичко загрозување на безбедноста како Игор Југ и најголемиот поддржувач на Сиљановска осудениот криминалец во бегство Груевски се ликовите кои не можат да се сокријат со било какви измислици и манипулации.

Потврда дека Сиљановска ужива во поддршка од криминалци и осудени насилници молкот за насилствата на 27-ми април.

На граѓаните не им е потребен претседател кој заштитува криминалци.

На граѓаните им е потребен вистински претседател кој ќе се залага и ќе работи исклучиво за нивни интерес и интересите на државата.

Затоа ќе победи концептот на Стево што води напред и што обединува, а не концептот на Сиљановска што сака да не врати во мрачното минато и што разединува.

 

 Скопје, 18.04.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести