fbpx

Караванот на “Заедно напред„ денес ќе биде на средби и трибини во Кратово, Пробиштип и Карбинци и граѓански митинг во Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Централниот караван на „Заедно напред!“ во текот на денешниот ден ќе биде на средби со граѓаните во Кратово, Пробиштип, Карбинци и Штип.

Денеска (17.04.2019, Среда), заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски во 16.35 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Кратово, каде ќе има обраќање пред граѓаните во Музејот (Дом на култура), а во 17.20 часот ќе се сретне со граѓаните на Пробиштип и ќе учествува на трибина на Секундарниот плоштад во Пробиштип.

Во 18.40 часот, Пендаровски ќе биде со граѓаните на Карбинци, каде на плоштадот во Карбинци ќе има обраќање пред граѓаните.

Подоцна, со почеток во 20.10 часот, на плоштадот „Слобода“ во Штип, ќе се одржи централниот настан граѓански митинг , каде свое обраќање ќе имаат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, (пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на веб страницата на СДСМ и на официјалана фејсбук страница на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски)

Последни вести