Соопштение за јавност
ВМРО ДПМНЕ повторно бесрамно ја лажат јавноста. Рекордно највисока цена на горивата беше постигната во времето на режимот на Никола Груевски или поточно во Април 2012 година кога литар Еуросупер 95 чинеше 89 денари, Еуросупер со 98 октани чинеше 90,5 денари додека литар дизел се продаваше по цена од 73,5 денари.
Со оглед на тоа дека Регулаторната комисија за енергетика е тело кое функционира самостојно, а не го диктира Владата, туку го диктира цената на дериватите на светско ниво односно се раководи со порастот или намалувањето на цената на суровата нафта на светскиот пазар, ова е уште една од лагите на ВМРО ДПМНЕ со кои сакааат да ја манипулираат јавноста.
Денес, ВМРО ДПМНЕ излегоа со уште една од низата лаги, а тоа е нето задолжувањето на земјава. Според соопштението на Министерството за финансии нема ново нето задолжување со денешната аукција. Имено, на аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 2,4 милијарди денари (39 милиони евра), од кои утре ќе се врати приближно ист износ или 2,4 милијарди денари (39 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.
Очигледно, безидејното ВМРО ДПМНЕ не знае за ништо друго освен пласирање на лажни вести и невистини. Соочени со извесниот пораз на престојните претседателски избори, расте нервозата, расте и очајот кај ВМРО ДПМНЕ, па преку лаги и невистини се обидуваат да ја манипулираат јавностa.
Скопје, 16.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА