fbpx

Мојсовски на големиот граѓански митинг: Стево ќе даде 100 отсто од себе, ја има поддршката, продолжуваме заедно напред!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На големиот граѓански митинг во Скопје, пред присутните се обрати Наумче Мојсовски, ракометар и репрезентативец кој истакна дека поддршката за заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски е поддршка за победа на напредокот и развојот.

Цврсто верувам, порача Мојсовски, дека донесовме тешки но правилни одлуки за нашата земја. Компромисите кои ги направивме со цел членство во НАТО и ЕУ беа повеќе од потребни. Верувам дека насоката во која сега се движиме е правилна и треба да продолжиме напред, преку глас за Стево Пендаровски.

– Јас знам дека Стево ќе се вложи 100% за нас ако му ја дадеме поддршката. И тој ќе остави срце на терен за да ја води државата напред кон подобар живот. Знам дека ќе игра за сите, нема да калкулира, нема да игра само за себе. И затоа јас му ја давам мојата целосна поддршка. Да му ја дадеме сите нашата поддршка, да продолжиме заедно напред!, повика Мојсовски

Последни вести