fbpx

Рамо до рамо во Струга и Дебраца: Го заштитивме македонкиот јазик и го унапредуваме со Закон за употребата на македонскиот јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ ги продолжува теренските активности „Рамо до рамо до победа“, со средби со граѓаните во Струга и Дебарца.

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски, денеска имаше средби со граѓаните на Струга, на кои се осврнаа на успешните на политиките на СДСМ на меѓународен план кои донесоа членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, со заштитен македонски јазик, идентитет и посебност.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ширеше хистерија дека македонскиот јазик ќе стане бугарски дијалект, ние, не само што го заштитивме нашиот јазик, туку и воведовме ден на македонскиот јазик и го унпаредуваме јазикот со Закон за употребата на македонскиот јазик, истакна потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Костадиновска Стојчевска додаде дека законот се заснова на подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација, почитување и унапредување на јазичниот стандард.

Опозицијата зборуваше за Блаже Конески како за „џуџето од Небрегово“, а ние воведуваме државна награда Блаже Конески, за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство, рече потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, пред граѓаните на Струга.

Рамо до рамо со граѓаните на Дебарца беше Благојче Стојчeски, кој со граѓаните зборуваше за економските политики на Владата предводена од СДСМ, со кои минималната плата е покачена на 20.175 денари, од нецели 9.000 во 2017 година, пензиите забележаа рекорден раст од 8,4 проценти, за дополнителна заштита на стандардот на граѓаните, цените на основните прехранбени продукти се намалени и замрзнати.

Последни вести