fbpx

Рамо до рамо со граѓаните на Кичево и Македонски брод: Изградбата на коридорите 8 и 10 Д носи номинален раст од два отсто годишно на БДП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Меѓу граѓаните на Кичево како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ попладнево беа потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи и Роберт Бекироски.

Пред присутните Битиќи се осврна на економските политики на Владата предводена од СДСМ истакнувајќи дека токму оваа Влада како ниту една претходна инвестира во важни стратешки проекти кои се чекале со децении.

– Еден таков проект е изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д, вреден 1,3 милијарди евра, пари од граѓаните за граѓани, пари од кои најмалку 51 отсто ќе завршат директно во македонски компании. Покрај подобро поврзување со западниот и источниот сосед, подобро поврзување меѓу општините од овој дел на државата, изградбата на делниците ќе донесе и придобивки за економијата, односно се очекува номинален раст на БДП од два отсто годишно само со изградбата на патиштата, порача Битиќи порачувајќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ брзо да донесе одлука на која од собраниските комисии ќе се разгледува Договорот за патиштата, со цел сите шпекулации да престанат.

Во Македонски Брод беше членот на ИО на СДСМ Никола Рилак заедно со Коста Начевски.

Рилак истакна дека зад нас е најуспешната грејна сезона со зголемено домашно производство на струја за 45 отсто споредено со претходната година.

– Успешно се справивме со кризата, но и успешно реализираме енергетски политики особено во обновливи извори на енергија каде за 15 месеци се инсталирани 192 мегавати „зелена енергија“, истакна Рилак.

Последни вести