fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Дебар и Центар Жупа: Ставаме крај на огромните каматни стапки, каматата не смее да биде повисока од долгот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, заедно со Славица Кутиров беше меѓу граѓаните Дебар каде пред присутните зборуваше за придобивките од напредокот во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ.

– ЕУ не препознава како лидери во регионот по искористеноста на средствата од ИПАРД 2 програмата, со висок процент на искористеност од 98%. Затоа заслужено сме наградени од страна на Европската комисија со дополнителни 62% неповратната ЕУ поддршка за новата ИПАРД 3 програма 2021 – 2027 година. Тоа значи неповратни 97 милиони евра европски средства се ставаат на располагање за нови инвестиции, развој и модернизација на македонското земјоделство, истакна Маричиќ.

Во Центар Жупа меѓу граѓаните на Центар Жупа беше Оливер Спасовски заедно со членката на ИО на СДСМ Мелиса Ценовска Серафимовска.

– За да го заштити стандардот на граѓаните СДСМ преку пратениците во Собранието предложи измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување со кои ја ограничуваме каматата да не може да биде поголема од долгот. Тоа значи дека кога износот на стасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече. Со ова ставаме крај на огромните каматни стапки со кои се нарушуваше стандардот на граѓаните и се туркаа кон должничко ропство. Очекувам сите пратеници да дадат поддршка на овие законски измени со цел тие побрзо да бидат побрзо донесени, порача Спасовски во Центар Жупа.

Последни вести