Соопштение за јавност
Сите релевантни анкети предвидуваат сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и сериозна предност уште во првиот изборен круг.
Расте поддршката за Стево Пендаровски кај граѓаните. Она што е многу важно е што поддршката за Стево е очигледна од сите етнички заедници.
Концептот на Пендаровски и позитивната кампања посветена на визијата за напредокот, за сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и подобар живот е препознаена од сите граѓани.
Од едната страна е Пендаровски кој зборува за напредок, сигурна и стабилна иднина, за заедништво, од другата страна е Гордана Сиљановска која ги брани криминалите на Никола Груевски и зборува за враќање назад.
Граѓаните не сакаат враќање назад, неизвесност и нестабилност, граѓаните сакаат иднина, сигурност и стабилност, сакаат напредок и затоа Стево Пендаровски е фаворит на овие избори. Одиме напред!
Скопје, 13.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА