fbpx

Пендаровски ги поседува сите квалитети за претседател на државата, кој ќе обединува и ќе го унапредува концептот Едно општество за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Централниот одбор, Венко Филипче денеска во попладневните часови беше со граѓаните на општина Тетово.

„Од градот на мултиетничноста и соживотот, тетовчани ја испратија пораката: Сакаат претседател кој ќе обединува и сакаат претседател кој максимално ќе се залага и ќе го унапредува концептот – Едно општество за сите. Стево Пендаровски ги поседува сите квалитети за иден претседател за сите граѓани“, порача Филипче.

На средбите, Филипче разговараше за претстојните претседателски избори, спроведените реформи и македонското здравство.

„Да продолжиме заедно напред, да не дозволиме враќање назад. На Република Северна Македонија, граѓанска и мултиетничка држава, и потребен и е претседател кој вистински ќе се грижи за иднината. Имаме претседателски кандидат со кој ќе одиме напред, за подобар живот и иднина на нашите млади“, истакна Филипче.

 

Последни вести