fbpx

Рамо до рамо до победа во Врапчиште и Гостивар: Членство во ЕУ е заедничка желба на сите наши граѓани, сега е време да направиме исчекор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во рамките на теренските активности на СДСМ „Рамо до рамо, до победа“, средби со граѓаните на општина Врапчиште денеска остварија Петре Шилегов и Владимир Анчев, а во Гостивар Костадин Ацевски и Рената Младеновска.

-Членството во ЕУ е заедничка определба, заедничка желба на сите наши граѓани. ЕУ не обединува сите нас. Сега е време да направиме исчекор и да го продолжиме европскиот пат., рече Шилегов во Врапчиште, додавајќи дека се работи за иднината на државата и за граѓаните, за реалзиација на стратешката цел за членство во ЕУ, а тоа бара одговорни и конзистентни политичари.

Шансата пред нас е историска и треба да се зграпчи, нагласи Шилегов.

Рамо до рамо го граѓаните на Гостивар беа Костадин Ацевски и Рената Младеновска, кои нагласија дека со усвојување на измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес е отворен патот за побрза и поевтина изградба на коридорите 8 и 10Д.

-Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години. Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Северна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, поврзана и кон исток и запад, нагласи Ацевски.

Последни вести