Теренските активности на СДСМ „Рамо до рамо, до победа“ продолжија и денеска. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и претседателот на градската организација Васко Кичевски беа со граѓаните на општина Кисела Вода.
На маалска средба потпретседателот Богоев рече дека земјава е пред историска шанса за продолжување на европскиот пат која треба да се искористи, потенцирајќи ги придобивките од членството во Унијата.
-Членство во ЕУ не значи само европски вредности и пристап до фондови. Значи подобро образование, здравство, подобар животен стандард, нови шанси за младите. Македонските компании би имале пристап до пазар од 400 милиони жители, повеќе приходи, повеќе работни места и повисоки плати, рече Богоев.
Премногу придобивки за граѓаните а пред се за младите носи членството во ЕУ и оваа шанса мораме да ја искористиме. ВМРО-ДПМНЕ наместо да бега треба да одлучи дали е за ЕУ или ќе остане во заложништво на Левица, додаде Богоев.
Потпретседателот на СДСМ зборуваше и за катастрофално лошата работа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
-Гледаме што се случува во Скопје и во општините коишто ги управува ВМРО-ДПМНЕ. Тонат. Ниту еден проект немаат реализирано, јавните претпријатија се нефункционални, се покачуваат комунални услуги додека се трошат парите на народот за времени односно партиски вработувања. Проект со гранд од 70 милиони евра за прочистителна станица во Скопје е во ризик да го загубиме поради неодоговорност, а Скопје е пред банкрот. Катастрофа е најсоодветен збор, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во Кисела Вода.