Соопштение за јавност
Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски на трибина во Берово, рече дека не смее да се дозволи некој да ни ја загрози иднината на младите. Режимот им украде 10 години од животите, работите тргнаа напред, не смееме да застанеме сега.
-Застанувам зад концепт, зад проекти кои ја обезбедуваат иднината и ја јакнат економијата, преку која ќе си ги задржиме децата дома. Досега 11 држави го ратификуваа Протоколот за наш влез во НАТО. Почнувањето на преговорите во ЕУ ни ги отвора европските фондови, и годишно можеме да искористиме 900 милиони евра. Патот кон Европската Унија и НАТО е нашиот пат кон иднината, кон инвестициите кон економскиот развој кон отворањето на нови работни места“,порача во Берово Стево Пендаровски.
Пендаровски додаде дека како претседател ќе обединува и ќе води напред.
„Прво моравме да се помириме дома, секој може да е член на која сака партија, но има минимум кој секој од нас мора да направи за оваа држава. Мојата визија е за заедништво и за напредок. Сосема спротивна од црнилото во кое бевме заглавени повеќе од една деценија. Јас ќе бидам претседател на сите граѓани“ рече Пендаровски.