Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират што времето на изолација, неизвеснот и уназадување заврши и што за првпат во 28 години независност се случи посета на еден грчки премиер.
Историската посета на грчкиот премиер придружуван од десетина министри и стотина бизнисмени е доказ за пријaтeлство што отвора економски перспективи, напредок и развој на двете земји.
Залудно ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски конструираат случаи, нивното лицемерие, лажен патриотизам и деструктивно делување нема да ја вратат државата назад.
Скопје, 05.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА