Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што за првпат грчки оркестар на настан во Скопје ја свиреше македонската химна.
Секојдневно се потврдува дека македонската химна е признаена од целиот свет, дека државата и армијата се почитувани од соседите од целиот свет.
Дури и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска призна и потврди дека македонската химна, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се трајно признаени и потврдени со Договорот од Преспа.
Скопје, 05.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА