fbpx

Трибина на ЛК СДММ Делчево: Преку активни мерки и политики да ги задржиме младите дома

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Локалниот клуб на СДММ од Делчево денеска одржа отворена граѓанска трибина насловена како „Младински перспективи: Политики за вработување и можности за младите на локално ниво“. На трибината, од страна на престедателот на СДММ и претседателката на политичката партија ПЕП 21, Билјана Јовановска, беа претставени можностите и перспективите за младите и нивно поголемо вклучување во политиките и активните мерки за вработување.

– Како социјалдемократска младина, наша главна заложба е посветено да работиме на креирање квалитетни младински политики за да се подобри младинскиот стандард и животот на младите, собено во деловите на државата каде иселувањето е доста големо, во кои е зголемен бројот иселени млади лица. Минатата година започнавме со пилот проект Младинска гаранција во 3 општини во кој се вклучија преку 5.000 млади, а од нив 1800 добија вработување. Оваа година проектот ќе се одвива низ сите градови. Наша цел е да обезбедиме иднина која ќе ги задржи младите, дома, со своите семејства, тука да градат иднина и смејства, порача Каевски.

Билјана Јовановска, претседателката на ПЕП 21, политичка партија дел од владината коалиција, пред присутните истакна дека активните политики за вработување на младите даваат реален ефект во подигнувањето на младинскиот стандард и намалувањето на иселувањето и младинската невработеност.

– Креирајќи ги проектите и мерките за вработување се водиме од потребите на младите луѓе но и од работодавачите кои сакаат да вработат млади луѓе. Затоа го промовираме практиканството како мерка која овозможува младите полесно да стекнат искуство и да добијат вработување. Доказ за успешноста на практиканството е тоа што над 50 отсто од младите кои посетувале пракса, добиле работа од соодветниот работодавач. Мора да продолжиме по овој пат и да ги задржиме дома, посочи Јовановска.

 

 

 

 

 

Последни вести