fbpx

Ковачевски: Голема одлука на Бундестагот, силна поддршка за членство во ЕУ со својот македонски идентитет, јазик и култура

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Голема одлука на герамнскиот Бундестаг за којашто сум среќен, останува задоволството дека Северна Македонија ја има поддршката на една од најзначајните и најголемите држави во Европа и светот по однос на сите наши идентитетски обележја и зачленувањето во ЕУ со својот идентитет, јазик и култура, рече денеска во интервју за Канал 5 Телевизија претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

-Ова е апсолутно голема одлука на Бундестагот во Германија, тоа е одлука која што јас ја најавив прв, меѓутоа не ја посочив државата. Кажав дека една од најголемите држави во ЕУ по сите параметри меѓутоа и една од најголемите држави во светот по сите параметри ќе донесе резолуција во својот парламент за потврда на недвосмислената поддршка на Северна Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од вкупниот мозаик на европската култура. Среќен сум што тоа го направи германскиот Бундестаг, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер најави дека уште една држава, една од најголемите во светот којашто не е дел од ЕУ наскоро ќе изрази исто таква потврда со што сите овие пријателски земји ја искажуваат поддршката за нашата држава и ја потврдуваат вистината за нашата историја, култура и идентитет.

-Јас уште еднаш ќе потврдам дека ваква потврда ќе дојде и од друга држава, исто така една од најголемите држави во светот, не е дел од ЕУ, меѓутоа и од други држави дел од ЕУ. Со тоа недвосмислено сите ја покажуваат поддршката за нашата држава во овој геополитички момент и ја потврдуваат вистината за нашата историја, култура и идентитет и со тоа им се потврдува на граѓаните дека ние имаме голем број на пријатели во светот, пред се во Европа кои што се застапуваат за исти вредности за кои се застапуваме и ние, рече Ковачевски денеска во интервју за Канал 5 телевизија.

Последни вести