fbpx

Ковачевски за Канал 5: Од ВМРО-ДПМНЕ не ги бранеле државните позиции кај сестринските партии во Бундестагот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Морам да изразам жалење во оваа прилика што партнерските и сестрински партии на нашата опозиција, на ВМРО – ДПМНЕ не ја поддржаа Резолуцијата на германскиот Бундестаг каде што се дава поддршка на членството во ЕУ со признавање на нашиот македонски јазик и идентитет. Треба да размислат во нашата опозиција зошто не ги презентирале и не ги бранеле позициите на нашата држава или пак правеле нешто спротивно, рече во интервју за Канал 5 Телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Треба да размислат во нашата опозиција зошто воопшто не се потрудиле да ги презентираат позициите на нашата држава кај своите партнери во Бундестагот. Или пак можеби правеле нешто спротивно со политичари од сестрински партии од други држави, како што се слушаа гласини, рече Ковачевски.

Треба да се одговори пред јавноста дали поранешни министри за надворешни работи имале спротивен став од Резолуцијата во Бундестагот, кажа Ковачевски.

-Треба да се каже дали бивши министри за надворешни работи а сегашни мејнстрим говорници на ВМРО – ДПМНЕ имале дури можеби и спротивен став од тоа што беше донесено во Бундестагот? Праша Ковачевски.

Во интервјуто Ковачевски се заблагодари за поддршката до сите партии на германскиот Бундестаг коишто ја поддржаа Резолуцијата за поддршка на европскиот пат и признавање на македонскиот јазик, култура и посебност.

-Во однос на германската резолуција да изразам благодарност не само до социјалдемократите, коишто се наши партнери, на СДСМ, туку и на либералите во Германија кои што се сестринска партија на нашата ЛДП и партијата на зелените во Германија, кои што се сестринска партија на ДОМ, кои што се дел исто така од владината коалиција. И кои што ја поддржаа резолуцијата во германскиот Бундестаг а додека сестринските партии на нашата опозиција тоа не го направија, рече Ковачевски.

Последни вести