Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е синоним за неправда, погазување на човековите права и слободи, нарачувања судски процеси и пресуди.
Откако 11 години владееше криминално, погазувајќи го правото и правната држава, денес единствената агенда на ВМРО-ДПМНЕ е одбрана на криминалот и криминалците. Тоа, само докажува дека Христијан Мицкоски е дел од криминалната матрица на Никола Груевски.
Времето на селективна правда и неправда, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво.
Судството е независно и постапува согласно своите законски ингеренции.
Секој оној кој постапувал незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, национална или политичка определба.
Скопје, 20.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА