Соопштение за јавност
Со денови ДПМНЕ ги прозива судските институции но никако да праша во која фиока и до каде се случаите за Белата палата, Делчевски ниви и Моќник.
ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, нелегална Бела палата којашто е конфискувана, и со почесен претседател на црната листа на САД.
ДПМНЕ е партија со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на оваа партија, меѓу кои и за злосторничко здружение.
Прозивките на ДПМНЕ може да бидат искрени само доколку јавно постават прашање до надлежните институции во која фиока се случаите за Белата палата, Делчевски ниви, Моќник и други кои се директно поврзани.