fbpx

Законите важат за сите подеднкво, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска се единствените кои бранат криминалци и се против правдата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Одбраната на криминалот, насилството и криминалците е единствената политичка агенда на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол за урнисување на правниот поредок, денес не може да се помири со тоа што конечно функционира правната држава.

Времето на селективна правда, партизација и притисоци врз судството, нарачани и монтирани процеси и пресуди заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Судството е независно и постапува согласно своите законски ингеренции. Секој оној кој постапувал незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, национална или политичка определба.

Денес, единствено ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната кандидатка Гордана Силјановска бранат криминалци и се против правдата и неселктивното владеење на правото.

Скопје, 19.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести